Уште еден директор oдби да ги прими рамковните административци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уште еден директор одби да прими дел од рамковните кадри кои беа распоредени во неколку државни институции, дознава NEWS33. По Стојко Пауновски, која одби да ги прими рамковните административци, одлуката за распределба ја одби и Андријана Андреева, директорката на Агенцијата за просторно планирање.

Агенцијата за просторно планирање функционира со буџет обезбеден од Министерството за животна средина и просторно планирање. Министер за животна средина и просторно планирање е Насер Нуредини, кој е кадар на ДУИ, додека Андријана Андреева е директорка на Агенцијата за просторно планирање.

Според неофицијални информации, одлуката за распределба донесена од Министерството за политички систем на Артан Груби била одбиена поради несоодветната образовна квалификација. За потсетување, и поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат ги одби рамковните кадри од истите причини, поради тоа што административците кои биле распределени во ДПИ не одговарале на потребите на инпекторатот согласно неговата систематизација.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This