Дневен хороскоп за недела (24. мај 2020)

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ОВЕН

Работа: Не ви е нималку поволен ден. Ова е погреен момент за нови предизици и за нови работи.

Љубов: Ви се допаѓа личност која спонтано сте ја запознале. Подготвени сте за почеток на контакт.

Здравје: Проблеми со циркулација.

БИК

Работа: Конечно, дошло време за некои позитивни пресврти на ова поле. Се чувствувате дека сте подготвени за промени.

Љубов: Една нова личност би можела да ви биде интересна која наскоро ќе се појави во вашето блиско опкружување.

Здравје: Ќе ви годи масажа.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Полека доаѓате до унапредување и задоволни сте од околностите во кои на полето работа се наоѓате сега.

Љубов: Сакате да влезете во врска со личноста која ви ветува дека ќе градите стабилна врска.

Здравје: Добро се чувствувате.

РАК

Работа: Можно е да имате шанса да го покажете својот талент и да напредувате во работата која ја работите.

Љубов: Уживате во необврзувачки флерт. Подготвени сте за разни авантури, но не и за сериозна врска.

Здравје: Повеќе вежбајте.

ЛАВ

Работа: Денеска ве очекува напната атмосфера на работа затоа што нема да успеете да го остварите сето она што сте го замислиле.

Љубов: Сте одлучиле повеќе да не го криете своето незадоволство и да покажете на саканата личност што мислите за вашата врска.

Здравје: Слаба циркулација.

ДЕВИЦА

Работа: Подготвени сте за големи промени и чувствувате дека е време да иницирате нови случаи.

Љубов: Не ви е лесно да ги надминете сите препреки кои ги носи врската на далечина. Можно е некои големи недоумици.

Здравје: Ќе ви годи повеќе сон.

ВАГА

Работа: Се наоѓате на раскрсница и не сте сигурни во кој правец треба да тргнете кога се во прашање нови работни одлуки.

Љубов: Ќе минете убав ден со саканата личност. Ве очекува поволен период.

Здравје. Внимавајте на црниот дроб.

ШКОРПИЈА

Работа: Денешниот ден за вас не носи големи промени на полето работа. Работите ви остануваат по старо.

Љубов: Саканата личност покажува доста недоверба, а тој став ве навредува. може да бидете наклонети кон конфликти.

Здравје: Вознемирени сте.

СТРЕЛЕЦ

Љубов: Денеска сте уморни и немате сила да се посветите на работата. Внимавајте да не направите некоја грешка.

Љубов: Партнерот очекува максимално да му се посветите, но вие сте некако затворени и не покажувате чувства.

Здравје: Проблеми со грлото.

ЈАРЕЦ

Работа: Можно е бројните несогласувања во односот со надредените да ви донесе компликации на работа.

Љубов: Саканата личност не покажува доволно емоција. Чувствувате незадоволство.

Здравје: Чувствителен врат и рамена.

ВОДОЛИЈА

Работа: Можно е денеска да решите некои проблеми на ова поле и поради тоа ќе бидете задоволни.

Љубов: Саканата личност полека се лади од вас, што приметувате, но се надевате дека околностите ќе се сменат.

Здравје: Внимавајте во сообраќај.

РИБИ

Работа: Не ви одговора темпото во кое сте влегле на полето работа. Чувствувате дека ви е потребно некое време за одмор.

Љубов: Можно е да познавате личност која има силни чувства кон вас. Наскоро ќе имате шанса за работа.

Здравје: Проблеми со настинка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This