Дневен хороскоп за понеделник, 05.08.2019

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако денот се познава по утрото оваа седмица би требало да биде убава, хармонична, полна со убави доживувања и прекрасно дружење. Започнувме со денешниот ден, одлична енергија околу нас за договори и преговори, за пронаоѓање решенија и најдобар пат да се остварат некои желби. Искористете го денешниот ден да разговарате за сите битни работи, како на работа така и дома, сигурни сме дека ништо лошо не би требало да слушнете.

Вториот дел од денот посветете си го на себе и на оние кои ви се важни, би било убаво да излезете од дома, да шетате онака без цел но и да уживате со луѓето чија енергија ви годи.

Овен

Работа
Не дозволувајте некој во вас да предизвика возбуда за конкуренција или желба да се натпреварувате. Размислете внимателно дали предноста е на ваша страна.

Љубов
Пред некој близок, се обидувате да делувате мистериозно, но не успевате да го прикриете вашето вистинско расположение или емоциите што ги потиснувате во вас. Потребно ви е нечие разбирање.

Здравје
Зголемена напнатост.

Бик

Работа
Проверете дали некој си игра со вашата доверба или има заедничко деловно недоразбирање. Нема потреба да жалите за пропуштената можност.

Љубов
Работите за кои мислите дека се интересни и привлечни, партнерот ги гледа со одредена недоверба и има различни погледи.

Здравје
Повеќе одморајте.

Близнаци

Работа
Исполнети сте со оптимистички дух и креативна енергија и затоа на различни прашања одговарате самоуверено и духовито. Ви годат нечии комплименти.

Љубов
Вашиот партнер со нетрпение очекува да му го посветите вашето емоционално внимание. Слободните можете да уживаат во споделени моменти на нежност и фантазија.

Здравје
Нема промени.

Рак

Работа
Претерувате со различните барања кон вашите соработници. Веочекуваат негативни коментари или нечие незадоволство. Нема потреба да влегувате во конфликти.

Љубов
Недоразбирањата што ве придружуваат во вашиот љубовен живот не се незначителни, но тие не претставуваат тема што треба упорно да се повторува. Не дозволувајте новите недоразбирања да кулминираат.

Здравје
Добро се чувствувате.
Лав

Работа
Ако ви е полесно привремено да заборавите на личните проблеми, прифатете нечија идеја за соработка. Дополнителниот ангажман може да ве оддалечи од примарните работи.

Љубов
Нема потреба да се плашите од вистината или да ги потиснете вашите емоционални желби во друштво на некој близок.

Здравје
Проблеми со синусите.

Девица

Работа
Делувате тактички во околината и разговарате повеќе отколку што треба за вашите деловни цели. Бидете повнимателни во едно непознато друштво.

Љубов
Донесувате заклучок заснован на субјективен впечаток и размислувате за средба со некој кој се чини дека не ви е на дофат.

Здравје
Пазете се од повреди.

Терезија

Работа
Чувствувате потреба да заведете ред во вашате околина, но тоа го правите на претенциозен начин или во погрешно време. Променете го однесувањето.

Љубов
Вие сте вознемирени од чувството за монотонија што се гледа во врската со некој близок и од впечатокот дека сте запоставени во нејзините планови.

Здравје
Се чувствувате одлично.

Скорпија

Работа
Важно ви е да оставите сценски впечаток на околината и затоа ги преувеличувате вашите способности во одредени ситуации. Сепак, некој со симпатии го оценува вашиот стил.

Љубов
Без оглед на вашиот емотивен статус и возраста, прифатете игра за заведување или нечија порака. Уживајте во нови емотивни контакти.

Здравје
Ќе ви годи релаксација.

Стрелец

Работа
Изгледате шармантно и духовито пред својата околина. Со смислена тактика можете да привлечете нечиј интерес.Важно ви е да изгледате како перфекционист.

Љубов
Потребен ви е момент на инспирација за да иницирате лавина на нечии чувства и да чувствувате интимна среќа.

Здравје
Се чувствувате добро.

Јарец

Работа
Без оглед на нечија великодушна улога или ветување, забележувате дека работите одат во погрешна насока. Не можете да влијаете на голем број различни околности на деловната сцена.

Љубов
За жал, љубовните работи не се по ваш вкус или мерка. Партнерот јасно кажува дека има свои планови и одбива да ги слуша вашите идеи.

Здравје
Пазете се од настинка.

Водолија

Работа
Ако сте во непријатна ситуација, нема потреба да повторувате позната приказна или да направите избрзани ветувања. Тешко е да го признаете вашиот пораз.

Љубов
Избегнувајте ситуации кога се чувствувате лошо или имате непотребни возбудувања. Нема причина да се повлечете во вашиот свет на тишина или да се откажете од личното задоволство.

Здравје
Се чувствувате добро.

Риби

Работа
Загрижени сте за нечии зборови, и со добра причина. За да ги зачувате вашите деловни интереси, императив е да користите малку итрина. Бидете внимателен.

Љубов
Во љубовниот однос повеќе ви пречи еуфоријата на партнерот што ја препознавате во однесувањето, отколку чувството на емоционална резигнација и несигурност што ве придружува.

Здравје
Задоволително.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This