Дневен хороскоп (20.05.2019)

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ОВЕН

Работа: Ви доаѓа значајно подобрување во однос на претходниот ден. Може да се надевате на позитивни пресврти.

Љубов: Доколку сте имале проблем во комуникацијата со саканата личност, сега е време се да решите.

Здравје: Можна малаксаност.

БИК

Работа: Немате доволно доверба во соработниците, но и во надредените и ви се чини дека некои работи се случуваат зад вашиот грб.

Љубов: Посветени сте кон својот партнер и сакате во иднина да го почнете прашањето за брак и заедница.

Здравје: Слаба циркулација.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Може да добиете помош од „надворешна“ личност за која сте сметале дека не е добра за вас. Ве очекуваат изненадувања.

Љубов: Ви се допаѓа особа која неодамна сте ја запознале, не можете да престанете да мислите на неа.

Здравје: Немате проблем.

РАК

Работа: Сте оствариле стабилна ситуација на работното поле и задоволни сте со себе.

Љубов: Ново познанство ве очекува. Вие ќе бидете подготвени отворени да ги покажете своите чувства.

Здравје: Водете сметка околу срцето.

ЛАВ

Работа: Можно е да не сте задоволни од околностите на ова поле и имате впечаток дека некои луѓе не ве ценат доволно.

Љубов: Нова личност која влегла во вашиот живот, ќе направи се што треба за да го придобие вашето внимание.

Здравје: Водете сметка околу очите.

ДЕВИЦА

Работа: Се оди во добар правец и задоволни сте. Може да очекувате поволен период за работа.

Љубов: Важно е да се соочите со грешките кои сте ги правеле. Ниту вие не сте совршени и време е да му се извините на партнерот.

Здравје: Проблеми со стомакот.

ВАГА

Работа: Конечно вашата работа може да тргне во нагорна линија ако дадете се од себе.

Љубов: Ако сте слободни, очекувајте флерт со личност која е малку постара од вас.

Здравје: Водете сметка околу синусите.

ШКОРПИЈА

Работа: Максимално сте свртени кон работата и сакате да заработите што повеќе пари за да решите некои други проблеми.

Љубов: Ако ви се допаѓа личност која исто така е родена во воден знак, очекувајте врска.

Здравје: Внимавајте на штитната жлезда.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Прекин на соработката може да ви донесе пресврти во работата. Треба време некои работи да ги решите.

Љубов: Љубовната атмосфера е турбулентна и променлива. Пред вас е неповолен период.

Здравје: Проблеми со простатата.

ЈАРЕЦ

Работа: Нема да бидете оптоварени, очекувајте опуштен ден како и шанса малку да одморите од обврски.

Љубов: Ново познанство ве очекува. Доколку сте веќе во брак или врска, пред вас е поволен ден.

Здравје: Проблеми со крвната слика.

ВОДОЛИЈА

Работа: Падот на концентрацијата секако не ви помага да ги решите насобраните проблеми на работа.

Љубов: Проблемите во вашиот брак одново се појавуваат и некогаш ви се чини дека се вртите во магичниот круг.

Здравје: Проверувајте го крвниот притисок.

РИБИ

Работа: Работната стабилност ви е загрозена и вие сте подготвени да направите се што е потребно за да најдете решение.

Љубов: Ако сте слободни, пред вас е поволен период да најдете нова љубов.

Здравје: Проблеми со бешика и долниот дел од стомакот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This