Доаѓа cтyдeнa вoздyшнa мaca, УХМР пpeдyпpeдyвa: “Пoдгoтвeтe ce зa cнeг oд cpeдa, викeндoт ќe бидe мнoгу cтyдeнo”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Времето денеска е облачно со врнежи од дожд. Од пладне ќе почне да дува умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од четири до 11 степени.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролшки работи (УХМР), утре ќе преовладува променливо облачно време со локални и послаби врнежи од дожд, а на планините на север од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, оосбено вдолж Повардарието, кој ќе се задржи и во следните денови.

Поради продор на студена воздушна маса од север в среда попладне и в четврток ќе има локални врнежи, кои речиси насекаде ќе бидат од снег. В петок и за време на викендот ќе биде многу студено, а температурата во поголем дел од земјава преку целиот ден ќе се задржи под нулата.

Почнувајќи од среда минималната температура ќе биде под нулата, во интервал од минус два до минус 10 степени. Најстудено ќе биде в недела, со минимална температура од минус 12 до минус четири степени. Максималната температура ќе се движи од минус пет до 11 степени. В недела максималната температура ќе биде од минус седум до два степени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This