ДОБРА ВЕСТ ЗА КОРИСНИЦИТЕ НА ВИБЕР: Се воведува нова функција што ќе ја обожавате

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Viber објави дека за сите четови воведува нова функција, која може да биде доста корисна. Станува збор за „пораки што исчезнуваат“.

Претходно достапна исклучиво во тајните четови, оваа функција наскоро ќе им овозможи на сите корисници да постават тајмер за текстуални пораки, фотографии, видео клипови или било кој друг фајл да иcчезне по само неколку секунди, минути, часови или дури и денови.

За да се подеси порака што исчезнува, корисникот би требало да:

* Притисне на иконата во облик на часовник на дното на четот и да избере временски период после кој пораката би требало да биде избришена.

* Напише или подготви порака и испрати до примателот.

Автоматското одбројување до бришење на содржината започнува оној момент кога примателот ќе ја прегледа пораката. Исчезнатата порака во сите 1 на 1 четови на Viber ја зајакнува својата позиција како најбeзбедни пораки за размена во светот, се вели во соопштението на оваа компанија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This