ДОБРА ИЛИ ЛОША ВЛАДА, НЕ Е ВАШЕ ДА ЈА МЕНУВАТЕ: Башар ал Асад смета дека САД сака да менува влади и да поставува марионети, како на Балканот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пукотниците замолкнаа на врвот на планината Касиун, а светлата на нејзините падини трепереа над Дамаск кога сирискиот претседател Башар ал-Асад ги пречека групата западни посетители во својата француско-отоманска палата во понеделникот вечер, претставувајќи се себеси како човек што цврсто ја контролира својата земја, вели Њујорк тајмс пренесувајќи го разговорот на Асад со група британски и американски новинари и политички аналитичари во Дамаск.

02assad-web-master768

Асад ја отфрла можноста за какви било политички промени пред военото решение на конфликтот и истакнува дека ќе остане на власт барем до крајот на неговиот трет седумгодишен мандат во 2021.

Сирискиот претседател „зрачеше со самодоверба и пријателство“ „и вели дека општественото ткиво на Сирија сега е ‘многу подобро составено од пред’ да почне хаотичната граѓанска војна пред повеќе од пет години. Како да не му се половина граѓани протерани од своите домови, а речиси половина милион убиени во крвавите борби за кои тој отфрла секаква лична одговорност и ги обвинува САД и исламските милитанти“, вели Њујорк тајмс.

Асад во разговорот ги обвинува САД дека стојат зад војната и дека активно ја поддржуваат Исламска држава и други терористички групи. „Јас сум им само насловна страница – лошиот претседател, лошото момче што ги убива добрите момци“, рече Асад. „Го знаете тој наратив. Вистинската причина е да се урне една влада. Оваа влада не одговара на критериумите на Соединетите Држави“, рече тој.

Асад сепак вели дека е спремен за дијалог, дури и со САД. „Но тоа не значи откажување од својот суверенитет и претворање на Сирија во држава-послушник“, вели тој.

На прашањето од новинарите за тоа дека владините авиони со години секојдневно недискриминирачки ги бомбардираат населените зони што се под контрола на бунтовниците, дека владините сили воведуваат изгладнувачки опсади и дека државните затвори се преполни со илјадници мирољубиви професори, блогери и други цивили, сирискиот претседател на чист англиски јазик одговара: „Ајде да претпоставиме дека овие тврдења се точни, дека овој претседател го убива сопствениот народ, а слободниот свет и Западот му помагаат на сирискиот народ. По пет и пол години, кој ме поддржува мене? Како можам да бидам претседател, а мојот народ да не ме поддржува? Ова не е реална приказна.“

Тој додава дека иако голем дел од поддршката доаѓа од луѓе на кои можеби не им се допаѓа неговата политика или Баат-партијата што тој ја предводи, но се плашат дека алтернативата би биле владеење на екстремисти или пропаст на државата.

„Тие ја сфатија вредноста на државата“, вели тој очигледно сфаќајќи дека неговата поддршка би можела да испари кога ќе заврши војната. „Тоа е тоа што нив ги привлече кон нас, а не тоа што се премислиле политички.“

Запрашан за тоа колку Сирија може да се реконструира или реформира, тој вели дека прво мора да се промени нејзиниот ментален „оперативен систем“, за кој вели дека е базиран на религија.

Идеологиите базирани на „лошо толкување“ на исламот ја разгореа војната, вели тој отфрлајќи ги тврдењата на аналитичарите дека неговата влада го забрзала тој процес градејќи џамии и прелевајќи џихадистички борци во Ирак за време на окупацијата од САД.

„Исламизацијата значи ‘јас не верувам во никој што не личи на мене, не се однесува како мене, не мисли како мене’“, вели тој. „Секуларноста значи слобода на религијата“.

Тој го негира постоењето на политички затвореници и се скаменува кога го прашуваат за лицата уапсени за протестирање или пишување против владата.

„Ако ги поддржувате терористите, вие не сте политички затвореник“, вели тој. „Вие сте поддржувач на убијци.“

Тој вели дека ослободил десетици илјади затвореници преку амнестија за да го поплочи патот за „какво било решение во нашето општество“, но дека има овластувања да ги ослободи само оние што биле судени и осудени.

Запрашан за одредени затвореници чии семејства со години немаат ништо слушнато за нив, тој бара доказ, велејќи: „Дали имате документи? Дали тие ги виделе во затвор?“

Асад вели дека тој се бори за зачувување на државните институции и ја критикува западната интервенција. „Било да е владата добра или лоша, не е ваша мисија“ да ја менувате, вели тој.

„Татко ми беше пријател со Тито“

Асад даде интервју и за српска Политика, во кое вели дека во Сирија е добро познато дека Србија поминала низ сè низ што сега поминува Сирија.

„По љубезните зборови во почетокот на интервјуто, претседателот Асад ме потсети на долгогодишното пријателство на неговиот татко со маршалот Тито, на пријателството на народот на Сирија и на Југославија, а сега на пријателството меѓу Србија и Сирија“, вели новинарот на Политика Мирослав Лазански во вчерашното издание на весникот.

Тој додава дека влезната врата му ја отворил лично Асад и го поздравил со „Добредојде, пријателе“.

 

Њујорк Тајмс

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This