April 19, 2024, 10:26 pm

ДОГОВОРИЈА СОРАБОТКА: Претседателот и Собранието ќе соработуваат за реформската агенда

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шефот на државата Стево Пендаровски и претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери на денешната средба го посочиле значењето на Парламентот во реализацијата на реформската агенда и на парламентарната димензија во остварувањето на интересите на државава на меѓународен план.

На средбата, како што соопшти кабинетот на Пендаровски, Џафери му честитал на Пендаровски за стапувањето на функцијата и му посакал успешна работа во следните пет години.

Пендаровски и Џафери размениле мислења за актуелните состојби во Република Македонија. Двајцата соговорници ја истакнале важноста сите релевантни институции во државата во претстојниот период да ги насочат севкупните капацитети кон реализација на следниот важен чекор во европската интеграција на Република Македонија – одредување датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија.

На средбата, двајцата соговорници договориле натамошна поблиска координација на двете институции во корист на граѓаните и во интерес на Република Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This