Дождот во Чаир ги поплави улиците, граѓаните извадија трски за pиболов

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Силен ветер и дожд вчера попладне ја зафати територијата на Скопје, при што настанаа и проблеми на одредени делови од градот.

Автопатот Тетово-Скопје беше во прекин веднаш по невремето, а исто така паднати се повеќе суви дрвја, кои направија штета и на неколку автомобили. За ова се огласија и од ЈКП Гази Баба, кои посочија дека веднаш е реагирано и сегде каде што има проблем, истиот да се пријави.

-Во текот на вчерашниот ден а како последици од невремето со дожд и ветар на територија на Општина Гази Баба, добивме повик дека во населба Автокоманда има паднато неколку суви дрвја по кои што ЈКП “Гази Баба 2007” веднаш реагираше и истите навремено ги одстрани.

По половина час врнежи од дожд, улиците на Чаир се поплавија, а некои граѓани извадија трски за риболов.

На многу групи и страници на социјалните мрежи се објавија снимки каде се гледа како дождот создава поплави, а граѓаните обвинуваат дека главни причини се изградбата на улиците и канализациите.

https://www.facebook.com/shkupjant/videos/294604018252797/

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This