Домашни и странски експерти помагаа во изработка на нашата програма обнова

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Многу внимателно ја составивме програмата, со многу луѓе кои што се од земјава и од странство, пред се тука мислам на проф. Андревски, кој што е мој стратешки соработник кој работи на „Квинс” Универзитетот во Канада. Тука е и г. Караско, кој што ист така е мојот стратешки соработник и тој учествуваше во изработката. И плус домашни експерти, професори како г. Славески, и луѓе од реалниот сектор да не ги заборавам”, појасни лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски гостувајќи во дебатната емисија на 24 телевизија.

Мицкоски додаде дека многу внимателно се составуваше програмата, и се водеше сметка да не се даваат ветувања кои што не би можеле да се исполнат. Во програмата има само реални проекти кои што ВМРО-ДПМНЕ се обврзува да ги исполни во четиригодишниот мандат. Мицкоски исто така посочи дека во програмата е предвидена и сегашната состојба со Ковид-19.

„Се обидовме да нивелираме во бројките во овој меѓупериод. Кога зборувам за меѓупериод зборувам за кога беше Ковид пандемијата. Затоа што за волја на вистината не може да кажам дека е завршена. Бидејќи се уште трае. Се обидовме да ги нивелираме бројките, да антиципираме некои нови можни сценарија, и цениме дека ова кое што го имаме напишано таму дека можеме да го испорачаме во следниот четиригодишен мандат”, истакна Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This