Доналд Трамп Џуниор е позитивен на коронавирус

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најстариот син на американскиот претседател Доналд Трамп е позитивен на коронавирус, соопшти неговиот портпарол. Доналд Трамп Џуниор (42) се наоѓаше во карантин во неговата ловна кабина се до резултатите од тестот, рече портпаролот.

„Тој досега беше целосно асимптоматски и ги следи сите медицински препораки за Ковид-19“, се вели во соопштението.

Дон Џуниор е втор од децата на претседателот кој има позитивен тест. Пред него, минатиот месец позитивен на Ковид-19 беше и најмладиот син, Барон Трамп (14), кој брзо закрепна. Дон Џуниор одигра голема улога во претседателската кампања на неговиот татко. Се појавија дури и шпекулации дека е заинтересиран да се кандидира за Белата куќа.

Неговата партнерка, Кимберли Гилфојл, поранешна водителка на „Фокс њуз“, во јули бил позитивна на тестот за болеста, а исто така се опорави. Дон Џуниор очигледно не се заразил со инфекцијата во тоа време.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This