ДОЈДЕ ЖИВОТ: Македонија на мигpaнтите ќе им нуди домување, образование и вработување

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дали последните препораки од американската фондација УСАИД за интеграција на мигpaнтите кои ќе побараат да останат на македонска територија и алapмот на експертите за бeзбеднocта по транзит рутата, треба да донесе загриженост и за македонските институции…, објави телевизија Алфа.

Во рамките на Центарот за интеграција, лицата кои што аплицираат за локална интеграција се асистирани во процесот преку изработка на Планови за локална интеграција во кои што се предвидуваат активности во повеќе сектори и тоа: домување и сместување; образование и обука; вработување и стручно оспособување; здравствена заштита; социјална заштита и општествена интеграција. Сите права и обврски на лицата со признаено право на меѓународна заштита се определени во Законот за меѓународна и привремена заштита и се врзани со типот на заштита кој што лицата го остваруваат (лица под супсидијарна заштита или лица признаени бегалци), одговорија од МТСП за Алфа.

Експертите за безбеднocт предупредуваат – иако со намален интензитет, балканската рута функционира, а најновите препораки носат и страв од инфилтриpaни структури поврзани со теpopистичките организации. Спорно е дали и дали имаме државен апарат кој може да ги социјализира овие лица.

Според видеото, мигрантите најпрво ќе треба да им биде обезбедено дом, образование и вработување, здравствено осигурување. Оние кои се стекнале со статус на лице под заштита загарантирано добиваат сместување кое ќе им биде платено две години, додека сам не си обезбеди свој дом. Ако мигрантите пак бидат дел од програмите за интеграција на УСАИД може да добиваат средства за домување и повеќе од две години, пренесува Алфа.

Според видеото и нашето Министерство за образование веќе изготвувало програми за изучување на македонскиот јазик за полесна комуникација на мигрантите со интитуциите и околината. Оние кои ќе се пријават во Агенцијата за вработување добиваат и загарантирано здравствено осигурување и социјална заштита.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This