ДО ГЕНЕТИКАТА ЛИ Е?: Државите од комунизмот подобро поминаа со коронавирусот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Три месеци од почетокот на кризата во Европа со коронавирусот епидемиолошките податоци покажуваат дека на стариот континент победија посиромашните земји, односно забележени се помал број на жртви отколку економски посилните држави во Европа кои порано биле дел од комунистичкиот блок, пишуваат италијанските медиуми.

Романија, Бугарија, Албанија, Чешка, Унгарија, Белорусија и Словачка имаат многу помал број на смртни случаи во споредба со богатиот дел од Европа како Франција, Германија, Швајцарија, Шведска, Белгија, Данска и Велика Британија.

Причината може да се бара во свесноста и склоноста кон дисциплина на посиромашните земји за кревкиот здравствен систем во своите земји и заради тоа донесоа строги одлуки за блокади и правила многу рано.

Како за споредба, кога источниот дел беше недопрен од пандемијата, во Италија, Шпанија и Франција на големо се броеја заразените и жртвите.

Заострените мерки во Западна Европа следуваа кон крајот на март, кога веќе беше јасно дека епидемијата не е проблем само во Италија или во Шпанија.

Сега веќе има јасни знаци дека економски силните земји скапо ги чинеше потценувањето на ситуацијата, додека внимателноста на сиромашните земји се исплатеше.

На пример, Албанија има 11 починати од Ковид-19 на милион жители, додека Велика Британија има 536, Грција има 16 а Белгија 795, Словачка има 5 жртви на милион жители, а Франција 432.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This