ДО КРАЈОТ НА АВГУСТ 90% ОД KOBИД БОЛНИТЕ ВО ЕУ ЌЕ БИДАТ ОД ДЕЛТА COJOT, HAJPИЗИЧНО Е ВО ДЕЛУМНО ИЛИ HEBAKЦИНИРАНИТЕ ЗЕМЈИ, ВЕЛИ ЕВРОПСКИОТ ЦЕНТАР ЗА БО ЛECТИ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европскиот центар за контрола на болести (ЕЦДЦ) проценува дека до крајот на август, делта сојот (индскиот сој) ќе сочинува 90% од случаите на ковид-19 во Европската унија. Ризикот од инфекција од делта сојот е „висок до многу висок“ за делумно или невакцинираните заедници, вели Центарот кој следи 30 земји во Европа.

„Навистина е важно да се напредува со брзо темпо на вакцинирање“, предупредува Европскиот центар.

Нагло растат дневните бројки на новозаразени во земји како Обединетото Кралство, Португалија и Русија. Во некои земји, како на пример Шпанија, вирусот побрзо се шири кај младите лица.

Земјите низ Европа се во трка да ги забрзаат вакцинациите против ковид-19, со цел да го надминат ширењето на делта сојот, кој се покажа дека најбрзо се шири. Државите исто така се обидуваат со побрзата вакцинација да спречат повторно преоптоварување на болничките капацитети со пациенти со тешки компликации од коронавирус.

Оваа состојба на итност се совпаѓа со летните одмори низ Европа, луѓето се собираат сѐ почесто надвор, а властите не воведуваат некои построги рестрикции. Физичката дистанца сѐ поретко се одржува, особено кај помладата популација, а некои земји и ја укинаа забраната за носење на маски на отворено.

Холандската влада ја проширува програма за вакцинација со лица на возраст од 12-17 години за да се намали можноста за нов бран. Грција им нуди на младите 150 евра по првата доза вакцина. Римските власти размислуваат за комбиња за вакцинирање на плажа. Полска минатата недела започна лотарија отворена само за возрасни кои се целосно вакцинирани, а меѓу наградите има и нови автомобили.

Португалските власти го продолжија работното време на центрите за вакцинација, отворија нови пунктови, ја повикаа армијата на помош за вакцинирање и го намалија периодот помеѓу двете дози на вакцината на „АстраЗенека“ од 12 на осум недели.

Во Москва, пак, рестораните, баровите и кафулињата во понеделникот започнаа да примаат само вакцинирани, оздравени од ковид-19 во последните шест месеци или со негативен ПЦР тест од 72 часа.

Новите соеви го свртеа вниманието невидениот размер на програмите за имунизација. ЕЦДЦ вели дека во земјите што ги истражува, 61% од луѓето над 18 години имале една доза, а 40% се целосно вакцинирани.

Но, д-р Ханс Клуге, шеф на канцеларијата на СЗО во Европа, предупреди дека делта сојот ќе стане доминантен до август во регионот со 53 земји што го покрива неговата канцеларија. И тој забележува дека околу 63% од луѓето во тој регион немале прва доза.

„Трите услови за нов бран на вишок хоспитализации и смртни случаи пред есента се воспоставени: нови соеви, дефицит во примањето вакцини, зголемено социјално мешање“, рече Клуге.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This