March 28, 2024, 11:55 pm

До крајот на неделава се очекува датум за изборите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Третата вонредна состојба, која претседателот Стево Пендаровски ја прогласи на последната седница на Советот за безбедност, овој пат во траење од 14 дена истекува на крајот на месецов, по што според Уставот треба да продолжат законските активности за одржување на предвремените парламентарни избори, кои беа одложени поради коронакризата.

Партиите се уште без усогласен термин за изборите, откако последната лидерска средба заврши со различни ставови на власта и опозицијата за натамошните активности околу предвремените избори, кои пред избувнувањето на епидемијата на Ковид-19 требаше да се одржат на 12 април.

И власта и опозицијата сакаат на избори со датум, за кој е постигнат консенсуз, но засега според она што го кажуваат во јавноста, заеднички јазик нема, а усогласување на ставовите се очекуваат до крајот на оваа недела, иако засега се уште нема официјална потврда за нова лидерска до 30 мај, паралелно со завршувањето на 14-дневната вонредна состојба.

Лидерот на најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој на лидерската предложи три термини: 23, 30 август и 13 септември и натаму за избори во рамки на тој период. Тој вчера во интервју за ТВ Клан истакна дека август и септември е најдобар период за одржување избори, затоа што, според него тогаш е најбезбедно за здравјето на граѓаните.

– Тие ценат дека нивниот министер за здравство има определена симпатија од кај граѓаните и со тоа мислат ќе добијат поголема поддршка од граѓаните. Но има и определена група на граѓани кои нема да излезат од страв од коронавирусот, но и бидејќи се разочарани од оваа власт која ветуваше многу, но не исполни ништо, рече Мицкоски, според кого барањата на Заев создаваат конфузија кај граѓаните бидејќи најпрвин барал вонредна состојба, а веќе другиот ден избори.

Нагласи дека здравјето е пред се и тоа е нешто што не се менува и додаде дека одлуките во неговата партија ги носат врз основа на мислењата на експертите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This