Драма во Скопје: Две лица извршиле paзбоjништво со пластичен пиштoл

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик.

На 27 ноември осомничените дошле пред простории на финансиско друштво на улица „Васил Главинов“. Едниот осомничен, на возраст од 31 година, чувал стража пред вратата на објектот. За тоа време другиот осомничен, 63-годишен скопјанец, влегол внатре, на вработените им се заканил со пластичен пиштол, па од сефот и фиоките на финансиското друштво одзел 303.606 денари. Двајцата осомничени потоа избегале во правец кон Камениот мост, но овластени службени лица ги пресретнале и ги лишиле од слобода, а парите им ги одзеле.

За двајцата осомничени надлежниот јавен обвинител достави предлог за определување мерка притвор поради опасност од бегство, можност да влијаат врз сведоците/оштетените или да го повторат делото.​

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This