Државата оди на pacпpoдaжбa, Заев ги нyди kлyчнитe државни институции на ДУИ caмo за да ја зaдpжи влacтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако ја демантираа веста дека се уште не е договорен принципот на ротација на премиери, кој по инсистирање на ДУИ би требало да инкорпорира и Албанец премиер, СДСМ не негираше дека на преговарачка маса се уште стои и е тема на преговори токму ова барање на албанската партија.

Освен премиер Албанец кој е извесно дека ДУИ ќе успее да го добие од СДСМ, а се дискутира само техничкиот приод кон доделување на највисоката позиција во извршната власт по етнички клуч, „Инфомакс“ од свои извори дознава дека Заев е подготвен да ги прифати и останатите барања на ДУИ сѐ со цел Зоран Заев да успее во походот за формирање на влада.

Според изворот на „Инфомакс“, во моментов се разговара за распределба на министерските места во МВР, но и во ресорот надворешни работи.

Работните групи на двете партии разговараат за позициите кои во МВР и МНР треба да бидат поделени, а највисоките – министерските позиции, да паднат на конто на ДУИ. Од СДСМ во овие институции бараат високи политички и оперативни позции како колатерала, како државни секретари, началници, амбасадори.

Освен ова, се уште не е демантирана веста дека ДУИ го бара УЈП, односно дека од СДСМ се подготвени јавните приходи да ги доделат токму на Али Ахмети.

Постојат и извештаи од извори инволвирани во преговорите, дека на маса е и гувернерската позиција во НБРМ, која според ДУИ би требало да биде гаранција за добивање на премиерската функција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This