Државната пomoш од 6 илјади денари ќе ја лaпнaт извршителите, 180 илјади граѓани имаат блокиpaни сметки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Луѓето со блокирани сметки од извршители имаат уште два дена да одат во банка и да потпишат договорна документација, за отварање наменска сметка. Доколку тоа не го сторат, парите ќе се вратат во буџетот, информираат дел од банките за Телма.

„Овие средства нема да бидат зафатени од постоечки блокади на клиентите. Потенцијален ризик се идните блокади. Ова се однесува на сите клиенти, не само на оние кои имаат активна блокада во моментот на одобрување на средствата,“ велат дел од банките.

„180 илјади блокирани сметки на физички лица. Тоа е голем број од граѓани на кои им се блокирани сметките и тие не можат да ги подигнат парите.

Еве една ќе ви прочитам, ја добив пред половина час. Вели:„Здраво Ана, четвртиот сет мерки ми следува мене парите ми се префрлени во една банка, но нема начин да се земат затоа што ми е блокирана сметката. Не знам кај да се обратам. Дали има решение? Сакам да останам анонимна“, вели Ана Глигорова за ТВ21.

Бараат од Владата да најде решение, односно извршителите да стават мораториум за овие пари да можат да ги искористат граѓаните кои немаат никакви примања.

Од Владата велат дека направиле се за полесно граѓаните да ги добијат парите. Конкретен одговор за овој проблем – немаат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This