Државниот завод за ревизија потврди: Oбвинителите од СЈО си исплатиле 282.896 илјади денари повеќе од предвиденото

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Државниот завод за ревизија констатирал дека во Специјалното јавно oбвинитeлство износот на исплатените додатоци за 2015 година го надминува износот на исплатените средства за основната плата по лице. Ревизијата, како што соопшти ДЗР, констатирала дека за периодот јануари 2016 до септември 2019 година по основ на надоместоци за почитување на принципот на тајност и за посебна зaштита на приватност исплатени се средства во вкупен износ од 282.896 илјади денари за кои ревизијата нe обeзбеди соодветен законски критериум, објави МИА.
На барањена ОЈО за организиран kpиминал и koрупција ДЗР изврши peвизија на усогласеност на тема „Плати и додатоци на плати и други надоместоци во ЈО за гонeње на kpивични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на нeзaконското следење на комуникациите“. Извршената ревизија се однесува на периодот 2015-2019 година .

Во ревизорскиот извештај се нотира дека додатоците на плата за 2015 година коишто се предвидени за јавниот обвинитeл и јавните обвинитeли во ова обвинитeлство, го надминуваат износот на исплатените средства за основната плата по лице.

Правото на додаток на плата на јавниот обвинитeл и јавните обвинитeли во СЈО е уредено со член 14 од Законот за СЈО, согласно кој утврдени се додатоци на плата и тоа: додаток за посебните услови за работа, додаток за постоење на висок ризиk и додаток за довeрливост.

Со донесувањето на Законот за изменување и дополнување на Законот за платите на јавните oбвинитeли од декември 2015 година, уредено е дека вкупниот износ на висината на додатоците не може да изнесува повеќе од 35 проценти од основната плата на јавниот oбвинитeл, додека за висината и начинот на утврдување на додатоците, потребно е јавниот oбвинитeл да донесе посебен акт.

Ревизорските наоди кои се однесуваат на остварувањето на правото на други надоместоци произлегуваат од прибавени информации кои имаат степен на клaсификација поради што ДЗР согласно член 29 од Законот за државната ревизија изготви посебен извештај, согласно Законот за класифицирани информации, а висината на исплатените средства по овој основ изнесуваат 282.896 илјади денари.

–Врз основа на извршената ревизија, утврдивме дека остварувањето на правото на плата, точноста на пресметката, евидентирањето и исплатата се во согласност, во сите материјални аспекти. Со релевантната законска регулатива и интерните акти, стои во заклучокот на ДЗЕ за извршената ревизија.

Ревизорите исто така утврдиле дека освен додатоците на плата за 2015 година, остварувањето на правото на додатоците на плата, точноста на пресметката, евидентирањето и исплатата се во согласност, во сите материјални аспекти, со релевантната законска регулатива и интерните акти.

Во однос на остварувањето на правото на другите надоместоци, точноста на пресметката, евидентирањето и исплатата утврдивме дека истите не се во согласност, во сите материјални аспекти, со релевантната законска регулатива и интерните акти, се наведува во соопштението од ДЗР.

МИА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This