ДУРАКИ НЕ САМО ШТО НЕ ДОБИ МЕТЛА, ТОЈ Е УНАПРЕДЕН: Комисиски шампиони, Садула зашто не сме Швајцарија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ова не е приказна за работата на владините комисии. Ова е илустрација на партиската окупација во институциите и за моќта дадена на некомпетентните индивидуи кои имаат предност пред јавниот интерес, пренесува ИРЛ.

Садула Дураки не им е омилен политичар на граѓаните. Неговата популарност, впрочем, и не била јавно мерена. Не покажа речиси никакви резултати како министер за животна средина, а дополнително го навлекуваше гневот на граѓантие поради тоа што не се срамеше и вербално да покаже дека не му е баш гајле што мислат граѓаните. Јавноста очекуваше да биде казнет во таканаречената операција „метла“. Но тој не само што не беше казнет, беше награден не само со министерско, ами и со вицепремиерско место. ИРЛ го пронајде како тазе именуван член во дури 4 од 6 внатрешни владини комисии. Кога се делат функции во институциите на владата, Дураки ќе има збор и моќ во владината комисија за избори и именувања, на пример. Или, кога ќе се продава државно земјиште.

Садула зашто не сме Швајцарија

„Знаете дека ние не сме Швајцарија“, ќе рече новиот вицепремиер Садула Дураки, прашан како Македонија се справува со загадениот воздух.

Дураки е во право кога вели дека не сме Швајцарија. Во таа држава има само седум министри кои ги решаваат сите проблеми на граѓаните. Македонија има 23 министри и 16 министерства, а премиерот Зоран Заев има 5 заменици – вицепремиери. И многу проблеми, криминал, корупција, непотизам.

Садула Дураки е најтазе вицепремиер и министер на новото Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците. Тој на вицепремиерското место дојде од Министерството за животна средина, каде беше министер две години без да одржи ниту една прес-конференција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This