Дyшкo, Македонец во Бејрут cвeдoчи за ekcплозиjaта

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неофицијално во Бејрут живеат двајца Македонци, а Душко е еден од нив. Станот на неговото семејство е на само 2 километра од пристаништето каде што се случи катастрофалната експлозија

Голем страв за себе и за своето семејство проследен со инстинкт за преживување биле првите чувства со кои се соочил Душко Ристовски, еден од веројатно двајцата Македонци што живеат во Бејрут, Либан, во првите моменти од експлозијата на пристаништето која пред два дена го потресе целиот свет, а во која загинаа најмалку 113 луѓе. За среќа, тие не се меѓу повредените.

Како се одвивала целата драма, Душко емотивно раскажа за Факултети.мк.

Тој живее на само два километри од местото каде што се случила експлозијата.

Пукаа сите прозорци во станот, дури и оние со метална мрежа

– Беше 18 часот и 15-ина минути. Се подготвував да излезам. Одеднаш се слушна силен звук и тресење на зградата, слично на земјотрес. Ги зедов децата и ги одвлеков да застанеме под вратата, каде што сметав дека е најбезбедно. Во тој момент само силно ги гушнав. Не знаев што друго да направам. За десетина секунди повторно се слушна силен звук и тресење, можеби петпати појако од претходното. Тогаш почнаа да пукаат сите прозорци од станот. Насекаде имаше стакло. Замислете, пукнаа и прозорците низ кои имаше метална мрежа. Тогаш сфатив дека не е земјотрес – вели Душко.

Фото: Душко Ристовски

Во тој момент најважно му било да излезе од станот и да замине со своите деца што подалеку, мислејќи дека на отворено ќе бидат побезбедни.

– Надвор беше хаос. На сите страни на улиците имаше стакло. Немаше прозорец од зградите што не беше искршен. Многу автомобили беа уништени. Се слушаа пискотници. Исплашени погледи насекаде. Луѓето беа растрчани и во паника. Никој не знаеше што се случува. Некои велеа дека е бомба и дека експлозијата се случила во близина. Влеговме во автомобилот, но не можев да излезам од населбата каде што живеам. Сè беше блокирано – раскажува Душко.

Го зел телефонот, но немал интернет, ниту мрежа. За што всушност станува збор разбрал од пријателите, со кои едвај успеал да се слушне. Му рекле да се врати дома зашто делот каде што живее е безбеден. Разговорот со нив го смирил и му влеал надеж дека сè ќе биде добро.

Извор: Факултети

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This