Д-р Стојанов: На реcпиратор завршуваат сѐ повеќе млади луѓе

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Инфeкцијата е раширена во сите делови на градот и нема познати кластери, вели д-р Александар Стојанов директор на Центарот за јавно здравје Скопје. Во моментов главниот град е најголемото жaриште, а активни се 2.010 случаи.

Стојанов објаснува дека сега е потешко затоа што со кластери полесно се менаџира ширењето. Тој вели дека сега на респиратор завршуваат се повеќе млади луѓе.

Со кластери е полесно, ги знаете луѓето ги изолирате и тоа, но сега овде е веќе искочено надвор и може секој на секое место да заболи. Чаир се уште води, но не е како порано. Може да се каже дека ја носиме ситуацијата се додека имаме можност за хоспитализација. Кога бројот ќе биде голем да нема каде да бидат сместени, е тогаш е лошо како што имаше ситуации во некои развиени земји, вели д-р. Стојанов за Сител.

Додава дека ако на почетокот на пандемијата во најголем пизик биле повозрасните и хроничните пациенти, сега, состојбата помлади луѓе и здрави заболуваат во тешки форми, заболуваат и постари, но полесно.

Вирусот кај некои е агресивен, кај други во поблаги форми. Вирусот овие 4 месеци мутирал за да опстане. Станува поагресивен кај помладите и како да прави обратно. Но, малку е времето од 4 месеци да го осознаеме, вели д-р. Александар Стојанов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This