Д-р Ѓорчев: “Bo Кoмиcиjaтa зa зapaзни 6oлecти ce пoгpeшни лyѓe”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како од „сè е под контрола” стасавме до прогласување на „кризна состојба” вечерва во емисијата “Што не е јасно” на Алфа телевизија говореше пулмоалергологот проф. д-р Ангелко Ѓорчев кој истакна дека тоа е затоа што доцниме со сите мерки до сега што се преземени, увозот од Ломбардија без да се контролираат патниците на границите, па понатаму до донесувањето на кризните и вонредните состојби, доцнење во тераписките протоколи и така натаму.

-Тоа значи дека тимот не е добар, најстручните луѓе не се на чело. Во Комисијата за заразни болести се погрешни луѓе, има негативна селекција на квалитет. Каде има пулмолози во таа Комисија?

Или што работи тоа македонско респираторно здружение каде што ги донесовме на времето, јас како национален координатор, сите најважни смерници и алгоритми за лекување на сите белодробни заболувања. Како резултат на тие смерници тогаш ние немаме смртен случај од астма од 1984 година.

Во ваква ситуација кога имате негативни резултати од борбата со корона вирусот првиот човек во здравството треба да ги бара причините. Биле виновни матичните доктори, па ви се молам да навредите цела една фела e нон-сенс, истакна д-р Ѓорчев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This