Дaли вo лeтo e пoдoбpo дa ce вoзи co клима или co cпyштeни пpoзopци?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како може да се заштеди повеќе гориво?

Вечна дилема на возачите во лето е дали се штеди повеќе гориво со возење со отворени прозорци или со вклучена клима кога надвор се пеколни температурите?

Потрошувачката на гориво зависи и од моделот на автомобилот, возачките навики и други фактори.

Одредени истражувања покажуваат дека возењето со клима на топло време ја зголемува потрошувачката на гориво во автомобил со четри патници за околу пет отсто.

На пример доколку возиле Фолксваген Бора со мотор од 90 коњски сили, во просек ќе потрошите половина литар гориво повеќе на 100 километри.

Клима или спушени прозорци?

Користењето на клима ја зголемува потршувачката на гориво, но спуштените прозорци гозголемуваат отпорот.

Тестовите покажуваат дека потрошувачката е поголема доколку возите со спуштени прозорци при брзина од 85-95 км/ч. При таа брзина ефикасноста за потрошувачка на гориво опаѓа за 20 отсто, додека при користење на клина таа опаѓа за 10 отсто.

При возење со брзина помала од 80км/ч, спуштените прозорци се ефикасна опција.

Значи, доколку сте во град и температурите не се превисоки, подобра опција е возење со спуштени прозорци. Но доколку надвор е пеколно жешко или возите со поголема брзина, климата е подобра опција, пишува Индекс.хр.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This