April 23, 2024, 12:23 pm

Дeвицaтa дa бидe тpпeливa, Лaвoт co нecтaбилни финaнcии

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ОВЕН

Потрудете се да прифатите дека не може да влијаете на се што се случува на работното поле. Можно е да ве оптоваруваат разговори со партнерот кој од вас бара одговори кои ги немате. Хроничен умор.

БИК

Немојте да ризикувате премногу на работа. Не ви е поволен ден за било какви патувања. Можно е саканата личност да покажува некој вид отпор кон вашите идеи. Чувствителен кардиоваскуларен систем.

БЛИЗНАЦИ

Не ви е поволен ден за големи промени на полето работа ниту за нови вложувања, па подобро покажете малку трпение. Ако сте во брак, ве очекува кризен период во кој ќе го почувствувате оддалечувањето од партнерот. Проблеми со стомакот.

РАК

Избегнувајте претерување во било која смисла денеска. Пробајте да бидете умерени во се. Вашето импулсивно однесување и раздразливост ве доведува до големи проблеми со саканата личност. Можни проблеми со дишните патишта.

ЛАВ

Финансиите не ви се стабилни и ви доаѓаат трошоци кои би можеле да ве оптоварат. Не сте сигурни од своите чувства, но партнерот од вас бара да се обврзете кон него. Може да дојде до прекин. Водете сметка околу штитната жлезда.

ДЕВИЦА

Потрудете се да бидете трпеливи кога е во прашање вашата работа. Одредени проекти бавно ќе ви се реализираат. Делувате незаинтересирано кон личноста која ви се додворува, а вие впрочем сте несигурни во себе. Главоболка.

ВАГА

Загрижени сте за развојот на ситуацијата на работа. Можно е да имате впечаток дека доста работи се против вас. Можно е да сте љубоморни и немате доверба кон партнерот, кому вашиот однос му пречи. Депресија е можна.

ШКОРПИЈА

Денеска некои конфликти на работа може да се засилат. Потрудете се малку за дипломатија. Сакате да ви се случи нова љубов и подготвени сте да го отворите своето срце за нови познанства. Проблеми со циркулација.

СТРЕЛЕЦ

Потрудете се денеска да бидете доволно тактични и да не реагирате импулсивно. Можно е да немате веќе чувства кон партнерот. Во следниот период може да дојде до прекин на врската. Вкочанетост.

ЈАРЕЦ

Потрудете се да направите она што можете за ситуацијата да ви се поправи. Многу работи зависат од вас. Ви се допаѓа личност која делува како да балансира и да не е сигурна во своите чувства. Проблеми со холестеролот.

ВОДОЛИЈА

Потрудете се да бидете посветени на својата работа. Во следниот период би можеле да бидете наклонети кон мрзеливост. Ве очекува статичен период на полето љубов. Засега нема големи промени и поради тоа не сте задоволни. Вкочанетост ве мачи.

РИБИ

Ве очекува ден кој на полето работа може да ви донесе некои ситни проблеми и пречки. Очекувајте нова љубовна средба која оставила добар впечаток на вас. Проблеми со црниот дроб.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This