Дeтaли за инцидeнтот во Радишани: Прободено едно дете, други две удиpaни со столици и бокcoви

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 12.09 2021 недела се одржал натпревар во борење во салата во Радишани организиран од БК Вардар. Натреварот требаше да се одржи во саботата, но поради ден на жалост е поместен во недела

Натпреварот е одржан со редари без полиција, без амбулантно возило, без доктор за не дај боже.

Во 16 часот на трибините десетина малолетници од албанска етничка заедница од БК ЛИРИЈА нападнале три деца од БК Бучим при што едно од децата се здобило со три убоди во нога, а другите две полесно повредени со боксови и столчиња од трибините.

Напаѓачите ја пробиле едната врата и избегале. Повредените деца веднаш го напуштиле натпреварот, се повлекле во автобус а другите како ништо да не било продолжиле награди да доделуваат. Тренерот на БК Бучим повикал полиција кога ги сместил децата на сигурно.

Полицијата набрзо дошла, прободеното дете е веднаш однесено на ургентно, а другите две на распит во полициска станица Бутел. Откако децата дале изјави околу 19 часот се повикани родителите да потпишат.

Откако дојде и последниот старател на прободеното дете во 22 часот другите две деца се однесени на преглед во ургентен. Од БК Лирија само едно дете е донесено на распит(со адвокат) каде се другите.

Прободен со нож во ногата бил Арон Николов, кој бил нападнат од неколку борачи од ривалски клубови. Од Бучим очекуваат брза реакција од полицијата и секако од Федерацијата за боречки спортови.

„На 12.09.2021 во 23.30 часот во СВР Скопје, В.С.(38) од Радовиш пријавил дека околу 16.00 часот во спортска сала во населба Радишани во Скопје, по претходно нарушен јавен ред и мир со физичка пресметка помеѓу повеќе малолетници, неговиот малолетен внук бил физички нападнат од неколу лица, при што еден од нив му нанел повреда со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, стои во билтенот на МВР.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This