Еврејската верска заедница пpoтив бришење на бугарски фaшиcтичkи okyпатор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вистински напредок во односите со Бугарија не може да има се додека опстојува атмосферата на уцена, порача денеска вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, по актуелизирањето на темата со најавата за промени во учебниците и спомениците.

Не може да има напредок во разговорите со Бугарија и одблокирање на македонските евроинтеграции бидејќи официјална Софија нѐ уценува и го крши Договорот за добрососедство, цени вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров. Според Димтиров, Бугарија го прекршила членот 2 од Договорот кој што предвидува дека нашиот источен сосед ќе ни помага на европскиот пат, нема да ни одмага најмалку пак ќе не блокира.

Најавата на премиерот Зоран Заев дека како дел од решението да се тргне бугарската блокада е и во македонските учебници по историја да се отстранат зборовите бугарски фашистички окупатор за претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е шокантна.

Според Еврејската заедница бришењето на „бугарски“ пред фашистички окупатор е искривување на историската вистина и наведуваат дека за тоа имаат низа факти. Во нивното писмено соопштение велат дека Македонија за време на Втората светска војна била поделена на две окупаторски зони-едната од Италија, а другата од царска Бугарија. Делот каде што живееле Евреите бил токму под окупација на царска Бугарија.

Евреите од Македонија за време на Вотрата светска војна биле депортирани од страна на бугарскиот окупатор, а не од италијанскиот кој тогаш ја окупирал Западна Македонија. Наместо бришењето на придавката „бугарски“ би можело да се употребува формулацијата тогашните бугарски фашистички окупаторски власти. денешна модерна Бугарија треба да го апсолвира фактот дека била дел од оската и директно учествувала во Холокаустот на Евреите,. За да ги изземе сегашните генерации, да ги ослободи од товарот на минатото потребно е јавно да се извини за постапките на Царска Бугарија, стои во соопштението на Еврејската заедница.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This