April 20, 2024, 12:22 pm

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА НЕ СМЕЕ ДА УЧЕСТВУВА НА РЕФЕРЕНДУМОТ: Гордана Силјановска распали по лажните европски вредности

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорката Гордана Силјановска Давкова во своето гостување во Отвореното студио на телевизија Алфа истакна дека учеството на Европската комисија која веќе официјално е дел од кампањата за референдумот, е спротивно на македонските закони.

-Изборниот законик врз основа на кој се води кампањата за референдумот забранува финансирање на изборна кампања од странски извори, вели таа.

Според Силјановска владата на СДСМ прави срамна инверзија кога тврди дека храбри политичари треба да преземат одговорност и сами да носат одлуки во име на граѓаните, наместо да се потпира на мислењето на граѓаните.

Професорката забележува дека тоа е спротивно на европските трендови на непосредна демократија каде политичарите користат поблизок контакт со граѓаните и повисоко ниво на непосредна демократија.

Таа заклучи дека е целосно погрешно е да се упатува порака дека ако референдумот пропадне владата пак ќе донесе решение според своите ставови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This