ЕВРОПСКАТА УНИЈА ОСТАНУВА БЕЗ ГАС: Холандското наоѓалиште на гас ги исцрпува резервите, Русија единствена сигурна алтернатива!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Наоѓалиштето на природен гас во Гронинген, Холаднија е најголемо наоѓалиште на природен гас во Европската Унија, а наскоро ќе остане без резерви, сооштуваат холандските власти
gasovod_holandija

Проценките се дека за 17 години наоѓалиштето ќе биде потполно празно

– Со холандскиот природен гас скоро е готово. Откако во 1959 година е откриено наоѓалиштето во Гронинген, искористивме околу 80% од нашите резерви. Доколку обемот на експлоатација остане ист, ќе останеме без гас во следните 17 години – изјави главниот економист на холандското статистичко биро Петер Хајн ван Мулиген, а пренесува агенцијата Франс Пресс.

Падот на цената на природниот гас и одлуката на холандската влада да се намали експлоатацијата во северната покраина исто така доведе до значаен пад на профитот од гас, додава овој економист.

Холандксата влада во 2013 година заработи 13 милијарди евра од природниот гас, а минатата само пет милијарди.

Властите во јуни најавија дека производството од Гронинген ќе се намали за додатни 11.1% во наредните пет години, но конечната одлука поврзана со ова прашање се очекува во октомври.

По Норвешка, Холандија до 2014 година беше втор најголем извозник на природен гас во запдна Европа, додека приходите од природниот гас сочинуваат 2.6% од вкупните буџетски приходи на земјата, соопшти статистичкото биро.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This