April 16, 2024, 12:51 pm

Евpoпската Koмисија дeнecкa ќe гo пpeтcтaви пpeдлoгoт зa koвид-пacoши

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Предлогот за воведување таканаречени „ковид-пасоши“ за слободно движење во рамките на Европската унија, кој ќе биде предложен денеска, ќе важи само за лицата кои примиле вакцини одобрени од Европската агенција за лекови.

Причина за ваквиот предлог е фактот дека неодобрените вакцини не се опфатени со клаузулата за одговорност и контрола на квалитетот на Европската унија.

Од Европската Комисија потсетуваат дека овој документ не е „пасош”, ниту патна исправа, туку сертификат.

-Документот ќе ја опишува медицинската состојба на лицата што го имаат. Има три димензии на здравствената ситуација: дали лицето е вакцинирано, дали лицето направило ПЦР тест или дали има имунитет по заздравување од инфекција со ковид, рече портпаролот на ЕК, Ерик Мамер.

Тој одби да открие повеќе детали од предлогот кој денеска официјално ќе биде презентиран во Брисел од претседателката на ЕК, Урсула Фон Дер Лајен.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This