Евpoпapлaмeнтoт ja ycвoи пpeгoвapaчкaтa пoзициja нa Koвид пacoшитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европскиот Парламент ја усвои својата преговарачка позиција за дигиталните зелени сертификати кои треба да овозможат повторно непречено патување во ЕУ.

Сега веќе можат да почнат преговорите со другата одлучувачка институција на ЕУ – Советот. Европарламентот е на став дека овие зелени сертификати треба да бидат универзално достапни и дека тестирањето за Ковид-19 треба да биде бесплатно за луѓето кои сакаат да патуваат, и смета дека земјите членки не треба да воведуваат карантин за лицата што поседуваат ваков сертификат.

Европскиот комесар за правда, Дидие Рејндерс изјави дека во јуни ќе почнат разговори со земјите од Западен Балкан за можностите за меѓусебно признавање, усогласување и прифаќање на сертификати за вакцинација, што ќе овозможи непречено патување во ЕУ.

– Се обидуваме да бидеме подготвени со дигитални сертификати пред летото, во сите земји-членки на ЕУ. Речиси истовремено, или во следните недели, ќе влеземе во разговори со сите трети земји, вклучувајќи ги и земјите од Западен Балкан и земјите кандидати – изјави Дидие Рејндерс еврокомесар за правда.

За европратениците кои ја усвоија преговарачката позиција со огромно мнозинство, важно е земјите членки да внимаваат на недискриминација на граѓаните. Во ЕУ интензивно се работи на дигиталните зелени сертификати со кои ќе се укинат рестрикциите за патување внатре во ЕУ, акои треба да бидат функционални пред летото во сите 27 земји членки.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This