April 19, 2024, 12:50 am

ЕДВАЈ СОБРАНИ СРЕДСТВА: Се закнува ли укинување на Струшките вечери на поезијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најголемата светска поетска манифестација, Струшките вечери на поезијата, годинава со организациски проблеми за 57-тото издание. За највисокото фестивалско признание „Златен венец“ кое светските поети според своето значаење, го рамнат со Нобеловата награда, министерството за култира годинава издвои бедна сума на пари, јавува телевизија АЛФА .

–  Оваа година за жал министерството скрати 1/3 од фестивалот. Напорите што ги направи дирекцијата и фестивалот беа огромни за да не се наруши нивото на фестивалот. Можеби ќе остане и во некои долгови натака,на тоа не се надевам, но тоа е еден преседан во однос на државата и односот кон нашите културни манифестации пред се оваа манифестација која е еден најголем бренд македонски, вели Славе Ѓорго Димоски кој се до лани, два манадати,односно 8 години, бил Претседетел на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата.

Додава дека своевремено правеле огромни напори фестивалот да се најде на поетската мапа на светот и кога во тоа се успеа, парите кои државата сега ги издвои не се доволни за покријат основите потреби за организација на фестивалот.

-Струшки вечери овозможуваат македонскиот јазик да се слушне на сите континенти, нашата поетска мисла се рамни со најголемите поетски култури во светот, некои дури го ставаат на високо рамниште македонксиот поетски израз и ниту една Влада не смее да дозволи да згасне или да биде засенат поетскиот фестивал кој според својот континуитет е најстар во светот, изјави Димоски.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This