Едно лице зaгинa, а две се повpeдени во тешка верижна сообраќајка на автопатот Скопје- Тетово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Едно лице го загуби животот, а две се повредени во тешката соообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово во близина на натпатникот за Требош, која се случи попладнево околу 17 часот. Во сообраќајката учествувале три патнички и едно товарно возило, а според првичните искази пријавени во СВР Тетово имало и четврто возило за кое се тврди дека го напуштило местото.
-Во тек е увид на самото место на несреќата во која едно лице го загуби животот, а две се пренесени во Клиничка болница Тетово за укажување помош. На местото се полициски службеници, како и вработени на Тетовската територијална противпожарна единица која интервенираат на возилата и Итна медицинска помош. Се очекува во увидот да се вклучат и претставниците на тетовското Обвинителство, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Според првичните информации патничките возила се од марките пежо, опел и голф додека товарното возило е мерцедес

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This