April 23, 2024, 10:05 am

ЕКОНОМИЈАТА ТОНЕ: Владата месецов ќе нѐ задолжи за нови 11,3 милиони евра!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за финансии за наредната недела закажа аукција на државни хартии од вредност во износ од 700.000.000 денари односно 11,3 милиони евра.

Официјалните информации велат дека се во пад градежништвото и индустријата, додека бизнис секторот мака мачи за да опстане. Експертската јавност континуирано алармира за фактот дека градежништвото, кое е основна гранка и повлекува многу други во државата, е во очаен пад повеќе од една година и дека тоа во голема мера влијае на слабиот економски раст.

Исто така голем дел од финансиските институции неколку пати направија надолна корекција на растот на БДП од Светска Банка со ММФ и Европската комисија. Моментално економистите предупредуваат и на глобални негативни влијанија во економијата кои секако дека ќе имаат ефект и на онака слабата македонска економија. Според многу критичари Владата потфрли во економски политики додека долгот енормно расте што според нив ја води државата кон еден опасен пат на економски план.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This