„ЕКСОН МОБИЛ“ ИЗЛЕГУВА ОД ПАРТЕРНСТВО СО „РОСЊЕФТ“: Најголемата американска нафтена компанија принудена да ја напушти Русија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американската компанија „Ексон Мобил“ во која прв човек беше државниот секретар на САД Рекс Тилерсон, во годишниот извештај на крајот на годинита донела одлука да излезе од заедничкиот договор со „Росњефт“ поради санкциите кои САД и ЕУ ги воведоа на рускиот енергетски сектор

„Компанијата очекува дека во 2018. година ќе започне со процедура за излез од заедничкото претпријатие со ‘Росњефт’. Одлуката за излез доведе до губиток во износ од 0.2 милијарди долари по уплатата на данокот“, се наведува во извештајот.

Портпаролот на рускиот нафтен гигант Михаил Леонтјев соопшти дека оваа одлука е очекувана.

„Тоа за жал, е очекувано поради санкциите. ‘Ексон Мобил’ беше принуден на ова“, рече тој.

„Росњефт“ и „Ексон Мобил“ во 2011. година потпишаа договор за стратешко партнерство во Русија, САД и трети држави. Договорот предвидува геолошки истражувања и експлоатација на три локации во Карското море и една во Црното море. Удделот на „Росњефт“ во проекти изнесува 66.7%, а на „Ескон Мобил“ 33.3%.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This