ЕК caкa дa вoвeдe eвpoпcки cтaндapд зa зaштитa нa нoвинapитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европската комисија преку патоказ до 20 мај собира придонеси од релевантни чинители за подготовка на нова препорака за заштита на новинарите како физички така и на интернет.

Потпретседателката на Европската Комисија, Вера Јурова, иницијатор на проектот за поголема безбедност на новинарите во ЕУ, нагласи дека неодамнешното убиство на грчкиот новинар Јоргос Каравајз е потсетник дека мора да се засилат напорите за заштита на новинарите во ЕУ.

-Работиме сега на подготовка на препораки до земјите членки и бараме за возврат информации за мерки како можни директни линии, обука и сензибилизација на полицијата и на судството, изјави Јурова.

За еврокомесарот Тиери Бретон, новинарите мора да уживаат највисоки можни стандарди која е во прашање нивната заштита и дека целта е да се изготви европски стандард за безбедност на новинарите.

Европската Комисија веќе одржи дијалог со претставници на засегнатите области, а препораката треба да биде готова до крајот на оваа година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This