Еликсир на младоста: Кинезите открија средство што го забавува стареењето

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кинески истражувачи тестираат ново средство за деактивирање на генот KAT7, што е клучен фактор во процесот на стареење на клетките. Инјекцијата што ја развија научниците го забавува стареењето на клетките. Иако засега експериментот се спроведува во лабораторија на глувци, тие веруваат дека нивните откритија може еден ден да придонесат за слични третмани на луѓе.

Специфичната терапија која ја користеле на глувци е прва на светот, а резултатите покажале дека животот на животните бил продолжен во просек за 25 отсто.

Истражувачите идентификувале 100 гени кои влијаат на стареењето од околу 10 000, а КАТ7 беше најсилниот што доведува до стареење на клетките. Истражувачите го деактивирале КАТ7 во црниот дроб на глувците со интравенска инјекција, а резултатите сугерираат дека ваквата генска терапија, заснована на деактивирање на еден ген, може да биде доволна за да се продолжи животниот век на глувците.

Од друга страна, ао анализа е потврдено дека стимулацијата на генот KAT7 го забрза стареењето на клетките.

„Само што ја тестиравме функцијата на гените во различните типови клетки, во човечки клетки на црн дрбо и клетки на црн дроб на глушец и кај сите овие клетки не забележавме никаква токсичносст или несакани ефекти од терапијата“, рече професорот Ку Јинг од кинеската академија на науките.

И покрај тоа, методот е далеку од подготвен за тестирање на луѓе во блиска иднина, смета професорот Ку и додава дека се неопходни подетални анализи на животни, а потоа се надева и на примати.

„На крајот, се надеваме дека во иднина ќе најдеме начин да го одложиме стареењето на луѓето барем за одреден процент“, заклучи професорката.

Студијата е детално опишана во списанието Science Translational Medicine.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This