April 27, 2024, 12:38 am

ЕМОТИВЕН ТЕКСТ НА МАЈКА ЗА СИНОТ:„Еден ден на некоја девојка ќе ѝ се допаднеш, но запомни дека јас прва те викав бебе“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мајка со емотивен текст за својот син освојува на интернет.

Ејми Ведерли му се обраќа на своето дете за да му каже дека е горда што е негова мајка и што има можност да го воспитува за еден ден тој да биде прекрасна личност, добар сопруг и грижлив татко. Но, исто така го потсетува да не ја заборава жената што го израснала кога тој ќе порасне и кога ќе основа свое семејство.

Нејзиниот пост е споделуван илјадници пати, а многу родители со солзи ѝ се заблагодарија за прекрасниот текст:

Еден ден на некоја девојка ќе ѝ се допаднеш.

Таа ќе мисли дека си сладок и ќе се смешка кога ќе поминеш пред неа со твоите пријатели. Таа ќе седи на трибините на твоите натпревари. Таа ќе навива за тебе. Образите ќе ти се заруменат, но ќе дадеш сè од себе да не се насмееш до уши. Ти не си личност која лесно ги издава своите чувства.

Ќе го побараш нејзиниот телефонски број од нејзините пријатели. Ќе ѝ се јавиш или ќе ѝ напишеш порака кога конечно ќе собереш храброст. Не знам што прават денешните деца. Можеби ќе ѝ испратиш твит или емотикон или мало срце на Instagram. Но, се надевам дека ќе се јавиш. Се надевам дека ќе разговараш со неа за да ја запознеш нејзината душа. Можеби ќе ја задеваш. Можеби ќе ја насмееш. Можеби ќе ѝ кажеш дека е кул што дојде на твојот натпревар.

Ќе флертувате.

Ќе се држите за раце.

Ќе се бакнете.

Ќе ја прашаш дали ќе ти биде девојка.

Ќе се состанувате. Ќе заборавиш дека постои останатиот свет. Твоите пријатели ќе те удрат по рамото и ќе те прашаат „Брат, те нема, каде беше?“ Ќе ми побараш пари за да ја одведеш на куглање или на јадење. Ќе ти речам „Не“ и наместо тоа ќе ти дадам работни обврски како начин да заработиш плус пари. (Уф, ја имаш најзлобната мајка на светот.)

Ќе ми ги превртиш очите, но ќе ме послушаш. Ќе ја косиш тревата. Ќе ми ја миеш колата. Ќе ги превезуваш сите картони за рециклирање. Ќе го правиш тоа, бидејќи таа ќе вреди.

Само запомни, јас прва те викав бебе.

Еден ден, некоја девојка ќе се заљуби во тебе.

Ќе те сака токму онаков каков што си. Ќе ја обожава твојата смила за хумор и твоите чудни мали шеги, и ќе ја цени твојата чувствителност. Ќе ти се восхитува што работиш толку напорно. И ќе ја кима и тресе главата на подмолниот начин на кој се обидуваш да победиш во расправиите, исто како татко ти.

Ќе ѝ се допаѓа што секогаш имаш план. Нема да ѝ пречи што си резервиран кога си со нови луѓе и ќе ја обожава твојата лојалност кон малкуте луѓе на кои им веруваш.

Ќе се гордее со тебе. Нема да дозволува да се извлечеш мислејќи си дека ти си секогаш во право. Ќе ти се јави кога ќе смета дека си заслужил.

Ќе те сфаќа.

Ќе те разбира.

Ќе те поттикнува да сакаш да бидеш најдобрата верзија од себе.

Ќе клекнеш на колено. И знам дека ќе испланираш нешто комплексно и прекрасно и добро обмислено, но дека ќе го чуваш во тајност. Ќе ѝ го купиш прстенот кој таа го отсекла од списание кога била мало девојче. Ќе го погледнеш татко ѝ в очи и ќе го побараш неговиот благослов. Ќе ја побараш да ти биде жена. Ќе ја прашаш дали ќе ти го даде остатокот од нејзиниот живот и ќе ѝ ветиш дека ќе ѝ го подариш најдоброто од себе.

Се разбира, таа ќе каже „ДА“. Како би можела да каже поинаку?

Само запомни, јас прва те викав бебе.

Ќе ме одведеш кон олтарот до моето седиште во првиот ред. Јас цврсто ќе ти ја држам раката, но ќе те пуштам. Љубовта го прави тоа понекогаш – те принудува да го олабавиш стисокот на некој што не ти припаѓа повеќе тебе и да го бодриш во форма на нежни насмевки и огромни солзи кои слободно ти течат додека тој чекори кон својот возбудлив нов живот.

Големиот момент ќе дојде. Сите ќе гледаат во неа, но јас ќе гледам само во тебе.

Како ти се развеселува лицето. Како го правиш истото она нешто што отсекогаш си го правел трудејќи се да не се насмееш до уши. Како неспокојно мрдаш бидејќи тоа што си пред сите тие луѓе те прави нервозен. Како сјаеш. Како ја цениш.

Можеби ќе живеете во близина.

Можеби ќе живеете далеку.

Но, ќе дојде време кога ти и твојата сопруга ќе основате семејство. Ќе ми се јавиш и ќе ми кажеш дека дојде моментот. Ќе паничиш, но нема да го покажеш тоа. Премногу добро се справуваш кога си под притисок. Ќе ти кажам дека се гордеам со тебе и дека ќе бидеш прекрасен татко. Ќе ти речам да ѝ ја држиш раката цело време, да ја успокоиш и да ѝ кажеш дека е убава без разлика на сè.

Ние ќе скокнеме во автомобилот, татко ти и јас, и ќе побрзаме кон болницата.

Загрижено ќе чекаме во ходникот додека да нè зграпчиш и да ни кажеш дека е во ред да влеземе во собата. Таму ќе бидеш ти, држејќи ја твојата малечка ќерка или синчето, кое повиено во пелена ќе вреска бидејќи доаѓањето на целосно нов свет е страшно и затоа што тоа го прават новороденчињата. Ќе го нишаш и ќе му шушукаш за да го смириш.

И единственото нешто што јас ќе можам да си го помислам е:

Многу, многу сум горда што прва можев да те викам бебе.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This