(Видео)ЕРДОГАН ГО НАДМУДРИ ТРАМП: Пентагон повеќе нема да ги вооружува и снабдува Курдите во Турција!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денес објави дека претседателот на САД Доналд Трамп му дал уверувања на својот турски колега Реџеп Таип Ердоган дека неговата земја ќе ја запре секоја поддршка на курдската вооружена формација ЈПГ, која е основана по налог на Пентагон

-Според зборовите на Трамп, би било подобро да се стави точка на оваа будалаштина. Ние ја поздравуваме ваквата одлука и промтно ќе го надгледуваме нејзиното спроведување, рекол Чавушоглу на вонредната конференција за печатот.

Како што наведува Чавушоглу, Трамп му пренел на Ердоган дека снабдувањто на ЈПГ со оружје било голема грешка на американската администрација.

Претходно денес претседателот на Турција го обвини Вашингтон дека го снабдува ЈПГ, не само со оружје туку и со луѓе, кои пристигнуваат во голем број од почетокот на пропаста на ИСИС.

 

https://www.youtube.com/watch?v=0plc_e98IR8

 

Ниту Вашингтон ниту ЈПГ засега не ја потврдија информацијата на турскиот шеф на дипломатијата.

Да потсетиме ЈПГ, кој е формиран по одлука на Пентагон на самиот почеток на сириските судири, е главна вооружена формација под политичко водство на СДФ. СДФ, од друга страна е главниот повереник на Пентагон во Сирија.

СДФ во овој момент, под своја контрола ги држи наголемите наоѓалишта на нафта во Сирија кои се наоѓаат на источниот брег на Еуфрат, како и најголемата брана на таа река.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This