April 25, 2024, 12:24 am

ЕТИОПИЈА СИ ГО БАРА ЗЛАТОТО НАЗАД: Од Адис Абеба го бараат златото кое Велика Британија им го украла пред 150 години

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Етиописките власти од Лондон бараат да им бидат вратени вредни артефакти кои пред 150 години британската војска ги украла од источноафриканската држава

Адис Абеба покрај останотото ја бара и златната круна и путир. Поданиците на Обединетото Кралство ги одземале од тврдината на царод Теодос Втори по битката кај Магдалена во 1868. година. Тогаш тие предмети биле продадени за да се соберат пари за војската.

Преговорите за враќањето на културните врендости во Етиопија започнаа по отворањето на изложбата во лондонскиот музеј која вклучува кралски и христијански експонати запленети за врее на битката пред еден и половина век. Тоа предизвикало гнев во Адис Абеба која уште во 2007. година ги бараше артефактите назад.

Управата на Музејот Викторија и Алберта, каде сега се наоѓа богатството, соопшти дека изложбата била организирана во консултација со етиописката заедница во Лондон. По нивно тврдење, тие се заинтересирани за воспоставување на дијалог и затоа предложиле артефактите да се вратат во Етиопија, но под услов да се плати наем за истите. Меѓутоа, во Адис Абеба тоа не го прифаќаат.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This