April 19, 2024, 10:01 am

ЕУ потврди дека решавањето на спopот меѓу Македонија и Бугарија е предуслов за започнување на преговорите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во ЕУ се водат интензивни разговори со Бугарија за старт на преговори со Македонија, а Германија ќе направи се што може за Македонија да ги почне преговорите со Европската унија до крајот на годината, порача шефот на германската дипломатија Хајко Мас.

Македонија и процесот на проширување на ЕУ се едни од приоритетите на германското претседателство со Европската унија, истакна денеска германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас.

Тој на заедничката видео-пресконференција по онлајн-состанокот со шефот на македонската дипломатија Бујар Османи потсети дека досега двапати бил во посета на Скопје и изрази жалење што во моментов, поради корона-кризата не може повторно да ја посети земјата.

За да почнат преговорите на Макеоднија со ЕУ според Мас, покрај билатералните разговори меѓу двете земји и во Унијата во моментов се водат интензивни разговори околу билатералните теми кои постојат меѓу Бугарија и Македонија.

„Водиме интензивни разговори во рамки на ЕУ и разговараме со нашите бугарски колеги за билатералните прашања кои постојат меѓу Македонија и Бугарија. Нашата цел останува и мислам дека е достижно пред крајот на годината да и овозможиме на Македонија да започне конкретни и детални преговори“, изјави Мас за спорот меѓу двете земји пренесува Телма.

Ова е прва изјава на членка на ЕУ со која се потврдува дека спopот меѓу Макеоднија и Бугарија во кој главна тема е припадноста на Гоце Делчев веќе не е само билатерален туку мултилателарен спop во кој се инволвирани повеќе фактори во ЕУ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This