April 20, 2024, 12:20 am

ЕУ СО НОВА ТУРА CAHКЦИИ ЗА ВЕНЕЦУЕЛА: Целта е санкциите да се воведат на поединци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европската унија разгледува воведување нови caнкции против Владата на претседателот на Венецуела Николас Мадуро, но не и ембарго на нафтата, соопшти министерот за надворешни работи на Малта, Кармело Абела.

-Целта е санкциите да се воведат на поединци, наместо дополнително да ја ослабнат веќе слабата економија, рече Абела.

ЕУ од ноември 2017 година воведе ембарго на извоз на оружје и техничка опрема на Венецуела поради внатрешната репресија, како и забрана за патување и замрзнување на сметки на 18 функционери, кои се обвинети за кршење човекови права и поткопување на демократијата.

Експертите сметаат дека санкциите на ЕУ до сега имале мало или никакво влијание врз политиката на Мадуро.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This