April 25, 2024, 12:05 pm

ЕУ со 22 милиони евра поддршка за нaјрaнливитe во палестинските теpитоpии

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европската Унија ќе обезбеди 22,7 милиони евра помош за најранливите групи во палестинските територии, кои покрај секојдневната лоша инфраструктура и сиромаштија сега се соочуваат и со пандемијата од Ковид-19.

Како што потсетува Европската Комисија во своето соопштение, уривањето на палестинските домови продолжи и за време на здравствената криза.

-Во овие многу тешки времиња ЕУ е посветена да им помогне на ранливите Палестинци да се одбранат од заканите по нивните животи и живеачки, изјави Јанез Ленарчич, еврокомесарот за хуманитарна помош.

Тој додаде дека ЕУ продолжува да помага Палестинците да добијат пристап до здравствена нега, чиста вода и образование.

-Нарушувањето на меѓународното право кое резултира со насилно раселување на цивили најчесто им оневозможува на луѓето да имаат пристап до основни услуги, ова мора да престане, повика Ленарчич.

Мнозинството ранливи Палестинци живеат во Газа, која е целосно затворена, во екстремно лоши услови, од каде не можат да излезат без специјални дозволи од израелските власти.

Од 5,2 милиони Палестинци, 2,4 милиони имаат потреба од хуманитарна помош. Минатата година убиени се 135 од нив, а ранети над 15 илјади од страна на израелската војска. Третина од жртвите биле деца.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This