27 годишна жена од Сиднеј, Австралија наводно се преправала дека е докторка и осум месеци работела во голема болница во градот за време на пандемијата. Портпаролот на болницата рекол дека во понеделникот ја разоткриле жената која не била регистрирана во Агенцијата за регулација на здравствените работници.
“Таа веднаш била отстранета од должност, откако болницата им го предаде случајот на полицијата”, рекле од болницата.
Жената, чиј идентитет не е објавен е предмет на истрага на полицијата, пренесува Индепендент.
Осомничената наводно се преправала дека била докторка во болницата од јануари до август 2021 година и дека била под целосен надзор тоа време.
Според пишувањата на медиумите, жената наводно ги фалсификувала документите за да добие работа во болницата. Во понеделникот од болницата ја запрашале за документи кои не можела да ги обезбеди. Нејзините шефови веднаш после тоа повикале полиција.
Докторите во болницата наводно останале шокирани со ова откритие, а жителите рекле дека пациентите биле доведени во опасност на овој начин.
“Не може да ве лекува некој кој не е квалификуван за раа работа, се ставате себе во опасност”, рекол еден човек.