ЖЕCTOKA РЕАКЦИЈА НА ВРАБОТЕНИТЕ: Шилегов пред изборите нeзakoнски назначил директор на музеј?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Г-дин Градоначалник, Во врска со Вашето скорешно именување на Директор на Јавната установа Музеј на град Скопје – Скопје, би сакале да ја искористиме оваа прилика и да Ви предочиме за неколку законски недоследности, кои претставуваат сериозно кршење на позитивните прописи.

Би почнале со ред:

1. Огласот за Директор на Музејот беше објавен вон законските рокови, односно не беше објавен најдоцна 3 месеци пред истек на мандат на претходниот директор, согласно чл.11 став 3 од Законот за музеи:

„Директорот на Установата се избира по пат на јавен оглас што се објавува преку средствата за јавно информирање, најдоцна три месеци пред истекот на мандатот на претходниот директор“.
Исто така, музејот воопшто не беше информиран дека е објавен оглас за директор, со што настануваат понатамошни проблеми при евентуалното пријавување во Агенцијата за вработување, каде се потребни исечоци од весниците каде огласот бил објавен, а со оглед дека не сме информирани, примероците не беа обезбедени.

2. Согласно истиот член 11, но став 5 од Законот за музеи, кандидатите своите пријави заедно со сите потребни документи ги доставуваат до Тричлена комисија која е составена од членовите на Управниот одбор на Музејот. Почитувајќи ги овие одредби, УО на Музејот ја состави Комисијата која ги разгледуваше пристигнатите документи, по што истата во законскиот рок од 5 дена (од денот на завршување на огласот) достави Записник до Градоначалникот за понатамошно одлучување. Од двајцата пријавени кандидати, едниот не бил земен во предвид со оглед на фактот дека ги немал доставено сите потребни документи. На огромно изненадување, бевме информирани од Претседателот на Комисијата дека добил известување од Вас на домашна адреса, нешто за што Музејот не беше воопшто информиран, а што претставува грубо кршење на процедурата.

Во дописот, барате Комисијата да го смени својот записник и да констатира дека кандидатот за кој сте известени дека не влегува во избор заради непотполна документација, всушност ги има доставено сите документи. Согласно горенаведното, воочливи се груби законски пропусти. Имено:

– доставено е известување на лична адреса на еден од членовите на Комисијата, а не до архивата на Музејот со назнака до Управниот одбор;

– пропуштен е рокот од 15 дена за донесување на одлука за избор на Директор (со доставување на известување на лична адреса на еден од членовите на Комисијата, не се запазува рокот, особено со фактот што не станува збор за донесување одлука, туку барање Комисијата да си го смени записникот);

– незаконско вршење на влијание врз членовите на Комисијата за промена на записник.

3. Комисијата на вонреден состанок заради горенаведеното, одржан на 29.11.2019 година, ги разгледувала наводите од дописот, по што констатирале дека не постои причина записникот да биде изменет. Известувањето е доставено истиот ден до архивата на Град Скопје со назнака „До Градоначалникот на Град Скопје“.

Повторно на огромно изненадување заради очигледно непочитување на законски одредби, на ден 02.12.2019 година во 15:30 часот во архивата на Музејот пристина Решение за избор на директор, и тоа именуван е кандидатот кој ги нема доставено сите потребни документи за да може да биде избран за оваа функција во установа која чува и заштитува културно наследство на Република Северна Македонија. И овде се воочува грубо прекршување на законските овластувања, и тоа:

– Во образложението на Решението за избор на Директор стои:

„Комисијата формирана од Управниот одбор на Јавна установа Музеј на град Скопје – Скопје ја разгледа пристигнатата документација и утврдила дека во законски определениот рок на огласот се пријавиле двајца кандидати и тоа Славко Лисичков и Славица Христова.“

Согласно цитираниот пасус, Градоначалникот воопшто не го зема во предвид записникот на комисијата, каде е констатирано дека кандидатот Славко Лисичков не ги исполнува условите. Наместо тоа, истиот е дури и назначен за Директор.

Истовремено, на самото решение за избор, очигледно е бришењето со коректор на датите на решението, кое упатува на сомнеж за тоа како градоначалникот го врши изборот.
Во диспозитивот на решението се назнучува кандидатот за директор со дата сметано од 05.12.2019 година и истиот (видно од решението доставено до музејот) го примил на 02.12.2019 година, а без да се земе предвид правната поука која упатува на правен лек – жалба, во рок од 8 дена од приемот на одлуката.

4. Исто така, правната поука на самото Решение е неточна. Согласно измените на Законот за музеи од 2011 година, жалба на незадоволниот кандидат се праќа до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, а не до Второстепена комисија на Влада, како што е наведено во правната поука на Решението.

Целта на ова обраќање не е насочена лично спрема кандидатот, туку упатување на големиот број на законски пропусти во постапката за избор на директор, кои се недозволиви во една правна држава. Сметаме дека овие пропусти би се исправиле со објавување на нов оглас за директор, каде секој е слободен да конкурира со доставување на сите потребни документи.

Од вработените во
МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This