Жecтока реакција на ВМРО-ДПМНЕ поради нaпaдите на Заев врз медиумите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ реагира и остро го осудува бруталното и недемократско постапување на Зоран Заев кон новинарите и медиумите, редејќи етикети, навредувајќи ги, пресметувајќи се. Ваквото однесување на Зоран Заев преставува примитивизам кој станува одлика на хибридниот режим во кој тој ја втурна државата, реагираат дод ВМРО-ДПМНЕ, на вчерашната изјава на лидерот на СДСМ Зоран Заев

– Станавме земја во која Зоран Заев определува кој биле објективни медиуми во земјава, а кој не, држава во која физички се тепаат новинари и се покренуваат нарачани обвиненија само затоа што си ја вршат работата. Заев човекот кој како во политиката така и во делот на медиумите нарачува обвиненија и се пресметува со неистомислениците. Зоран Заев треба да се извини кон медиумите и целата јавност поради недоличниот, дрзок и селективен однос кон медиумите, велат од партијата.

Во соопштението се додава дека Зоран Заев е лидер на партија која води влада која селективно кани новинари и медиуми да проследуваат владини прес конференции и настани, влада во која новинарите се принудуваат однапред да ги кажат прашањата за кои се интересираат и кои се етикетираат и делат на подобни и неподобни.

– Зоран Заев е политичар кој одбива дебати, одбегнува критички медиуми и интервјуа и човек кој гази по новинарската професија. ВМРО-ДПМНЕ протестира против срамното однесување на Зоран Заев и бруталната пресметка со новинарите кои се критички настроени кон неговата работа. Слободата на медиумите е фундаментот на демократијата, и тоа нема цена. Зоран Заев е опасност за таа слобода“-се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This