Завршува времето на политичари елитисти кои што од Брисел само го паметат тепихот, доаѓа време на политичари кои си ја сакаат Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во македонската телевизија најави дека по преземање на власт по 15 јули доаѓа времето на луѓе кои си ја сакаат Македонија и кои заедно ќе работат со народот и заедно со народотот ќе ја обновуваат Македонија од лошите политики на СДСМ и Заев.

-Господине Заев ова се сериозни времиња и за оние сериозни времиња треба сериозни партнери. Јас од вас господине Заев би сакал да видам конструктивен опозиционер во годините кои следат, дел од малото искуство кое го имате во политиката и менаџирањето во Владата да го споделите со луѓето во Парламентот затоа што треба да ги засукаме ракавите и да си ја обновиме Македонија. Ќе ги дознаете новите 3 инвестиции но и ќе дознате нови 30, ако треба и нови 300 затоа што завршува времето на политичари елитисти кои што од Брисел само го паметат тепихот, доаѓа времето на луѓе кои си ја сакаат Македонија и заедно со народот ќе работат. Завршува времето кога политичарите владеат, туку доаѓа време на политичари кои заедно со народот ќе ја обновуваат оваа Македонија, истакна лидерот Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This