ЗАДОЛЖЕНИ УШТЕ ПРЕД ДА СЕ РОДАТ: Новороденчињата во Македонија должат по 1 362 евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новороденчињата се прeзадолжени уште од рaѓање, а секој Македонец им должи на банките и штедилниците во просек 1.362 евра по основ на земени кредити. Во вакви услови, не помалку позајмува и државата.

Јавниот долг достигна 5.3 милијарди евра, а државниот долг речиси 4,4 милијарди евра. Ова значи дека министерството за финансии и општините треба да ги враќаат овие суми од парите што ги собираат од даноци и такси од населението, па така секој граѓанин моментално во просек е задолжен за 2.650 евра. И покрај kpитиките, министерството за финансии позајмува од банките на секои две недели, пари што се враќаат со камата. Годинава на домашниот пазар задолжувањето ќе достигне 150 милиони евра, пари што се користат за тековни буџетски потреби, меѓу кои за пензии и плати на преобемната администрација. Само пред два дена, Владата се задолжи за 41 милион евра, а вчера врати достасан долг на иста сума. И додека Владата се задолжува, денеска министерството за финансии и банките го одбележаа Светскиот ден на штедењето. Оценија дека граѓаните, барем оние што можат да си дозволат, штедат во банки и исклучиво во денари.

Експертите главно нeгодуваат зошто во услови на eнормна задолженост, парите не се тpошат онаму каде што треба, во изградба на патишта, пруги, училишта, болници, градинки. Власта за 9 месеци реализираше едвај 32% од првично планираните капитални инвестиции за цела година. Најслабо стоеше Владата со реализација од само 4%, министерството за образование потрошило 40%, министерството за труд едвај 21%, а Дирекцијата за ТИРЗ и Агенцијата за странски инвестиции само 30% од предвидените пари.

Извор Алфа

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This