Заев: Ако сакаме да го отвориме прозорот кон иднината, мораме да ја затвориме вратата на минатото, бидејќи ќе дува промаја на сегашноста и иднината

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред нас се сериозни чекори и ако сакаме да го отвориме прозорот кон иднината, мораме да ја затвориме вратата на минатото, бидејќи ќе дува промаја на сегашноста и иднината. Должни сме поради децата да гледаме напред, рече премиерот Зоран Заев во интервју за српски Танјуг.

-Верувам дека ќе постигнеме Договор со Бугарија, бидејќи јас постигнав многу договори. Сепак, никој никогаш не треба да преговара за тоа кој е и како се чувствува. Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик. Чувството не се потпишува со договор, рече Заев.

Тој додаде дека по Преспанскиот договор и Грците зборуваат за Македонци кои зборуваат макеоднски јазик од Северна Македонија.

-Како што ние го негуваме идентитетот на другите нации, сакаме и нашиот идентитет да се негува. Затоа верувам дека ќе најдме решение, рече Заев.

Премиерот додаде дека е тешко да се наоѓаат корени на Балканот и дека доколку има Бугари кои сакаат да посетуваат настави на бугарски јазик во Северна Македонија, тоа ќе им биде дозволено.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This