Заев го копира Груевски, се спрема за опозиција, ќе му отстапел пратеници на Мицкоски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во вчерашниот тв дуел со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски рече дека е подготвен да му отстапи пратеници на противникот за тој да формира влада, доколку ДУИ ја уценува СДСМ со премиер кој тие го предложуваат.

Јас сум кандидат за премиер од коалицијата „Можеме“. СДСМ нема да дозволи да биде под никакви уцени. Јас немам проблеми со етничката припадност на кандидатот, но тоа никако да не биде со услов. Јас ќе бидам идниот премиер со тие кои ќе формираме мнозинство.

Ако условот на ДУИ биде кандидатот, нема да преговараме со ДУИ. И сум спремен да му отстапам 13 пратеници, во разговор со пратениците, на Мицкоски, оти толку ќе му требаат за 61, за тој да формира малцинска влада. Доколку тој не сака да ми отстапи 6, за јас да формирам малцинска влада. Никој не смее под уцени да преговара, рече Заев.

На ова Мицкоски одоговри дека математиката на Заев не му е силна страна, и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има доволно пратеници за да формира влада.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This